[ВИДЕО] Маж во Лос Анџелес бил изгорен со врел чај од Старбакс – Доби отштета од 50 милиони долари

Точка

17/03/2025

17:09

2.074

Големина на фонт

а а а

Доставувачот Мајкл Гарсија, кој се здобил со тешки изгореници откако врел чај од Старбакс му се истурил во скут во Лос Анџелес, доби отштета од 50 милиони долари.

Неговиот правен тим изјави дека Гарсија се здобил со изгореници од трет степен на гениталиите, препоните и внатрешниот дел на бутовите и дека бил трајно изобличен поради повредите, пренесе „SkyNews“.

Гарсија го тужел Старбакс за невнимание, тврдејќи дека вработената не ја зацврстила правилно чашата со топол чај во картонскиот држач за носење. На снимката се гледа како вработена во Старбакс во Лос Анџелес на Гарсија му подава послужавник со три пијалаци, додека тој се обидува да ги земе пијалаците, а потоа да ги разнесе.

Поротата во округот Лос Анџелес пресудила во корист на Гарсија откако тој поднел тужба поради несреќата што се случила на 8 февруари 2020 година. Гарсија во тоа време работел како доставувач за „Postmates“. Неговиот адвокат Ник Роули рече дека неговиот клиент „доживеал трајна промена во неговиот живот“.

„Оваа пресуда е клучен чекор во повикувањето на одговорност на „Старбакс“ за неговата негрижа за безбедноста на клиентите и одбивањето да преземе одговорност“, додаде тој.

Старбакс ќе поднесе жалба

Старбакс рече дека сочувствува со Гарсија, но најави поднесување на жалба.


„Ние не се согласуваме со пресудата на поротата дека сме одговорни за овој инцидент и веруваме дека висината на отштетата е преголема“, соопшти компанијата. Тие додадоа дека се посветени на највисоките безбедносни стандарди при ракување со топли пијалаци.