„Се вратил да ги спаси децата од дискотеката, се молам Господ да им даде сила…“: срцепарателно простување од Андреј „ДНК“

Макфакс

17/03/2025

11:41

5.207

Големина на фонт

а а а

Македонскиот пејач Данијел Кајмакоски на својот Инстаграм профил се прости со колегата Андреј со емотивни зборови.

Тој на социјалните мрежи испрати емотивни зборови и изрази сочувство до семејствата на починатите.


„Не се сеќавам на толку тежок и мрачен ден. Срцето ме боли за сите загинати во пожарот во Кочани. Не знам како родителите и семејствата се справуваат со оваа страшна загуба и болка, се молам Господ да им даде сила.

Андреј, многу ми е тешко да се збогувам со тебе. Голема душа, секогаш подготвена да помогне. Се врати да ги спаси децата од дискотеката… ќе ми недостигаш неизмерно.

Изгубивме прекрасни луѓе и колеги. Андреј Ѓоргиески, Сара Пројковска, Ѓорги Ѓоргиев, Филип Стевановски, Александар Коларов. Моите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства“, напиша Даниел.