Вчерашниот ден нè остави сите неми, вџашени и со неизмерна болка во градите.
Од прерано загинатите музичари се збогува цела македонска естрада, со грутка во грлото, солзи во очите и сеќавања за заедничките мигови кои никогаш нема да згаснат.
Меѓу нив е и поп – пејачката Елена Ристеска, која со големо неверување ја прими информацијата за трагичниот настан. Со трогателни зборови таа на своите социјални мрежи се збогуваше од Сара Пројковска, која ја придружуваше на нејзините концерти во изминатите години, и од Андреј Ѓорѓиевски, другар и колега.
„НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја, толку многу поминавме заедно со тебе и Ана, толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме ние три, ти беше таа која не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти-добрица, ферчина, другарчина, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега и како мајка на златни две деца. : ((( Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото. Ама Саре вака не се договоривме! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам! Сестро моја, ти беше упорна и борбена да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа!: ((( Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, нема никогаш да те преболам! Нема! Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш грб мој! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не не и не!!!“, напиша Ристеска во објавата посветена на Сара Пројковска.
„Не можам да престанам да плачам, Андреј ни со тебе така не се договоривме, планиравме нова песна со ДНК.: ((( Турнеи две имавме заедно, концерти, дружби … не можам да прифатам и не можам!!! Филипе, како бре да прифатам дека те нема, може свиревме неколку пати ама многу се почитувавме, златен човек беше … без зборови сум … исто и Александар: (((
Жути веста за тебе ме докрајчи, ме срози, колку концерти беше мој тонец за 22 години, секогаш звук перфектен, кога ќе те видев зад миксета раат бев, знаев дека ќе биде добар концерт, секогаш му викав на Здравко-Жути пушти ми го да озвучува!
Александар Ефремов ми ги сликаше последните концерти во Кочани. : ((( Немам зборови, само солзи …
Мартин Буцо, Ѓорги, Сара и сите златни деца, млади и полни со живот … боли и кине душа ова сè … не знам дали некогаш ќе се опоравиме од оваа болка по вас!!! Цела Македонија плаче и тагува!🙏🏽 Примете сочувство сите што загубивте блиски! 🖤🖤🖤🖤🖤
Брзо опоравување на Ана и Панчо им посакувам! 🙏🏽“, се трогателните зборови во последниот поздрав до сите колеги музичари, чии животни трагично згаснаа засекогаш.