Со седумминутен молк точно напладне почна собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде денеска се одржа заеднички час во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Тие на платото пред УКИМ палеа свеќи и се потпишуваа во кинагата на жалост.
Подоцна заедничкиот час беше прекинат откако на неколку студенти им се слоши и беше побарана интервенција на брзата помош.
Студентите и средношколците останаа на собирот и покрај временските услови а од студентското собрание беше најавено дека собирите ќе продолжат во текот на целата недела а за локациите и времето на собирите дополнително ќе информираат.