Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што рече, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и ниту еден клуб нема да работи нелегално.
„Состојбата е шокантана. Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата, а само 12 поседуват лиценци и тоа од тие не знаеме кои се се уште валидни бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, затоа што тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно е дека некој не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја сокрие криминалната работа која што ја правел изминативе години додека раководел со тaа институција. Нема да има милост, од која сака нека е етничка припадност или политичка партија, ако треба за уши ќе ги влечеме од дома“, рече Мицкоски, додвајќи дека ова е масовно убиство што некој го дозволил за пари и криминал.
За клубот „Пулс“ каде што се случи пожарот, Мицкоски рече дека низ годините речиси цело време работел без лиценца, а извадил само во 2021 и 2023 година.
За кочанскиот градоначалник кој поднесе оставка, Мицкоски тврди дека тој немал никаква одговорност, но постапил правилно со оставката. Мицкоски рече дека како што Владата досега успеала да се избори со уличната мафија, мафијата со казината, мазутот, така и ќе ја порази административната мафија.
Тој им се заблагодари на соседите и земјите кои хоспитализираа пациенти, како и на домашните здравствени работници за пожртвуваноста. Ги повика и сите кои биле во или околу објектот да побараат медицинска помош, бидејќи може да има ефекти по неколку дена, па состојбата треба да се следи. Се прават надчовечки работи за сите пациенти да бидат стабилни, рече Мицкоски.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 лица, а 162 се повредени. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил, објавија повеќе медиуми.