Откажани сите активности во Собранието: Пратениците со сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства што поскоро

Макфакс

17/03/2025

12:29

267

Големина на фонт

а а а

На денешната Координација која се одржа во 10 часот во Сала на Влада на Собранието, присуствуваа претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи, како и генералната секретарка и претставник од Владата.

Координацијата започна со оддавање почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразија сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства во добро здравје што поскоро.

Претседателот на Собранието предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.