Фрлени јајца кон куќата на градоначалникот на Кочани: граѓаните бараат одговорност за смртта на невините луѓе

Макфакс

17/03/2025

18:05

994

Големина на фонт

а а а

Граѓаните кои протестираа во Кочани неколку часа за смртта на 59 лица во дискотеката „Пулс“ фрлаа јајца кон куќата на градоначалникот Љупчо Папазов.

Тој пак преку социјалните мрежи претходно објави дека поднесува неотповиклива оставка и побара надлежните да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани во случајот.

Граѓаните  на денешните протести револтирани бараа одговорност за смртта на невините луѓе а полицијата се обидуваше да ги смири тензиите.



Тие пред тоа беа и пред компанијата на сопственикот на дискотеката за да го изразат својот револт.