"Dodge" нуди големо намалување: Електричните „мускулести“ автомобили се слабо продаваат

Точка

17/03/2025

11:39

534

Големина на фонт

а а а

Проблемот со овој електричен „muscle car“ не е само погонот, кој на многу Американци не им е по вкус.

"Dodge" се соочува со големи потешкотии при пронаоѓање купувачи за електричниот "Charger Daytona", па само два месеци по неговото појавување на пазарот, цената му е намалена за 13.500 евра.


Овој драстичен пад на цената доаѓа веднаш откако "Dodge" објави дека продажбата на брендот во 2024 година паднала за цели 29%.

Во комбинација со разни бонус програми и попусти, "Charger Daytona" со „Scat Pack“ пакетот (670 коњски сили, забрзување до 100 км/ч за 3,3 секунди) сега може да се купи за 51.000 долари.


Проблемите на електричниот "Charger Daytona"

Но, проблемот со овој модел не е само електричниот погон, кој многумина го гледаат како недостаток кај традиционалните „muscle cars“.


Сè повеќе извештаи укажуваат на тоа дека електричниот "Charger Daytona" често се расипува, што дополнително ја намалува неговата привлечност кај купувачите.