Ова е Игор Велков кој загина во пожарот: Тонецот од групата ДНК нема социјални мрежи, пејачката Тамара Тодевска се прости од него со трогателна порака

Точка

17/03/2025

13:24

2.528

Големина на фонт

а а а

Игор Велков не беше активен на социјалните мрежи, но на официјалната страна на групата на Инстаграм, заедно со останатите членови, среќно се смешка и позира во друштво.

Според последните информации, осум членови на бендот ДНК трагично го загубија животот во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Меѓу загинатите во дискотеката е и тонецот на групата ДНК, Игор Велков.

Тамара Тодевска на социјалните мрежи се прости од Игор. Таа ја сподели неговата фотографија и потоа му се обрати со прекарот Жучо, што покажува колку биле блиски.

Во пожарот загинаа пејачот Андреј Ѓорѓиевски, тапанарот Ѓорѓи Георгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, пратечкиот вокал Сара Пројковска, тонецот на ДНК Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.


Владимир, попознат како Панчо, од бендот ДНК, чии членови загинаа во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во болница на лекување.


За потсетување, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ја објави тажната вест дека меѓу загинатите е и членот на музичкиот бенд ДНК, Георги Горгиев, а сега преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека утре ќе биде отворена книга на жалост за загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, а бројот на загинати продолжува да расте.