[ВИДЕО/ФОТО] Македонија завиена во црно: Граѓани во Кочани палат свеќи за жртвите во пожарот

Точка

16/03/2025

21:04

2.412

Големина на фонт

а а а

Македонија не памети ваква трагедија. Вечерва нема зборови што можат да ја опишат болката. Само светлината на свеќите и тишината на скршените срца сведочат за тага што нема утеха.

Граѓани во Паркот на револуцијата во Кочани палат свеќи во чест на жртвите што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“, јави екипата на МИА од терен.

Во пожарот загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Според последната изјава на министерот за здравство Арбен Таравари, 47 пациенти ќе бидат пренесени во здравствените установи во соседството на понатамошно лекување, а утре во земјава пристигнуваат специјалисти за изгореници.

Меѓу починатите има и членови на бендот „ДНК“ кој имал концерт во дискотеката.


Почивајте во мир. Вечна светлина за младите души.