Трагични податоци за жртвите во пожарот во кочанската дискотека

Точка

16/03/2025

09:23

16.563

Големина на фонт

а а а

Според најновите информации, во пожарот во дискотеката во Кочани загинале 53 лица, а стотици други се повредени, со некои од нив во сериозна или критична состојба.

Осумнаесет лица се испратени на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 4 се на Детска интензивна нега, 2 се на Клиниката за неврохирургија и едно лице е на Клиниката за неврохирургија, велат од Министерството за здравство по пожарот во дискотека во Кочани.


18 лица се лекуваат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.


Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени и сите се во тек на обработка, ни рече директорот д-р Небојша Настов и најави информации за подоцна.

„Видов многу мртви тела и стотици повредени. Не можете да замислите какво е чувството да прескокнувате преку телата на загинатите за да ја најдете сестрата“, изјави постар брат на едно 16-годишно девојче пред Клинички центар.





Како можен причинител на пожарот се наведува погрешна употреба на пиротехнички средства.


 Пожарот избувнал за време на настапот на македонската група ДНК во популарната кочанска дискотека.



Членот на групата, Панчо, им се обратил на присутните со зборовите „Одете надвор“, додека во позадина се слушале панични гласови и гужва.


 Од видеозаписите се гледа дека огнот започнал да се шири, а рефлекторите на плафонот биле зафатени од пламен. Повредените од пожарот биле пренесени во болници во Штип, Скопје и Охрид.