Во дискотеката, согласно првичните информации што го имаме, имало околу 500 лица, некаде околу 250 влезници биле продадени, согласно информациите што ги имаме добиено, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.
Министерот Тошковски попладнево изјави дека повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животите ги загубија 59 луѓе, а над 150 се повредени.
Според него, во полициската станица се приведени околу 15 лица, меѓу кои има и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување.
„Македонија денеска плаче, но правдата ќе биде задоволена. Ќе има одговорност за секој кој е вмешан во оваа трагедија“, порача Тошковски.
Истражните органи продолжуваат со собирање докази, а се најавуваат и нови приведувања во наредните денови.