[ВИДЕО] Снимки од дрон од она што остана од дискотеката „Пулс“ во Кочани

Точка

16/03/2025

15:03

2.255

Големина на фонт

а а а

За во 15 часот е најавена нова прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Кочани на која се очекува да каже повеќе информации во врска со лоцирањето одговорност за трагедијата

„360 степени“ објавува видеоматеријал, снимен со дрон, од дискотеката „Пулс“ во Кочани по пожарот што го зафати објектот, при што загинаа најмалку 59 млади луѓе. На снимките се гледа пеплосаната внатрешност, како и големите дупки на покривот предизвикани од огнот.


Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, 35 од починатите се идентификувани. Од нив, 31 лице се од Кочани, четворица се од Штип. Бројот на повредени, според последните информации, е 155 лица.

Тошковски соопшти дека е распишана централна потерница за четири лица, без да прецизира за кого станува збор. За 15 часот е најавена нова прес-конференција на Тошковски во Кочани на која се очекува да каже повеќе информации во врска со лоцирањето одговорност.