Градоначалникот на Општина Струмица преку објава на Фејсбук соопшти тажна вест за своите сограѓани.
„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…“, напиша Костадинов.
Тој додаде дека со неизмерна тага ја примил веста за оваа трагична загуба.
„Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции“, стои во објавата.
„Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, заклучи Костадинов.