[ВИДЕО] Трогателна исповед на Благојчо Георгиев од Кочани: Кој даде дозвола таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува

Точка

16/03/2025

12:35

5.745

Големина на фонт

а а а

Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во своја објава на социјалната мрежа Фејсбук кажа дека изолацијата во дискотеката во Кочани била направена од најевтини материјали и праша кој ја дал дозволата за работа и дали некој направил контрола.

„Само што почна пожарот, почнаа да ми стигнуваат видеа. Нека почиваат во мир душите на трагично загинатите во Кочани во дискотеката. Помеѓу нив имам и братучед мој, имам комшивче што го бараат се уште. Сфаќате ли за што зборам цело време. Душата ме боли. Зошто зборам против овој систем. Две години мои луѓе ја обезбедуваа дискотеката. Газдата едно парољупче, невидено, не постои друг како што тој сака пари. Внатре дискотеката е целата излепена со најевтината изолација, со сунѓер“, рече Георгиев.


„Кој даде дозвола на таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува. Кој направи контрола. Јас имам лично пријавувано дека внатре има еден куп малолетници“, додава тој.