Нашите молитви и мисли се со сите погодени од оваа трагедија, соопшти Собрание на РМ.
Со длабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што во огромен пожар животот го загубија повеќе од 50 лица и десетици други се повредени.
Во моето лично име и во име на Собранието на РСМ, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Ги повикувам надлежните власти да се ангажираат со посветеност за целосно расветлување на случајот, додека ние целосно се солидаризираме со оние кои поминуваат низ овие тешки моменти.
Нашите молитви и мисли се со сите погодени од оваа трагедија.
Африм Гаши