CNN објави ударна вест за трагедијата во Кочани: 51 загинати и стотици повредени во пожар во ноќен клуб

24Вести

16/03/2025

10:30

6.437

Големина на фонт

а а а

Американската телевизија Си-Ен-Ен објави потресна вест за трагедијата која се случи во Кочани. Според извештаите на државните медиуми, најмалку 51 лице загинале, а над 100 други се повредени во пожарот што избувнал во ноќниот клуб „Пулс“ во оваа македонска општина.

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панчо Тошковски, потврди за жртвите и повредените на прес-конференција во утрово. Како што јавува државната новинска агенција МИА, повеќе од 80 повредени лица биле пренесени во болници и клиники во Скопје, пренесе Си-Ен-Ен.


Додека трагедијата ја шокираше земјата, министерот за правда, Игор Филков, изјави дека сите лица кои се одговорни за трагичниот настан ќе бидат подложени на одговорност.


Пожарот избувнал во клубот „Пулс“, каде популарната македонска група ДНК настапувала во саботата вечерта. Според објавата на нивниот Инстаграм профил, групата била на сцена во моментот кога настанал пожарот.


Ова е тековна вест и ќе биде ажурирана со нови информации, стои во објавата на овој американски медиум.