Илон Маск: „Летало тргнува кон Марс следната година, ќе носи хумноиден робот“

Точка

15/03/2025

22:22

1.430

Големина на фонт

а а а

Основачот на американската вселенска компанија "SpaceX", Илон Маск, денес изјави дека вселенско летало ќе тргне кон Марс кон крајот на следната година, носејќи го хуманоидниот робот Оптимус.

„Ако овие летови бидат успешни, првите човечки слетувања би можеле да започнат веќе во 2029 година, иако 2031 е поверојатен датум“, додаде Маск на платформата "X".


Во декември 2024 година, Маск тврдеше дека вселенското летало „Starship“ без екипаж би можело да слета на Марс за две години, додека летовите со екипаж би можеле да започнат во следните четири години.


Тој во септември изјави дека човештвото мора да ги совлада меѓуѕвездените летови, бидејќи во спротивно може да исчезне во иднина поради ширењето на Сонцето или судир на Земјата со астероид.