[ВИДЕО] Над 500.000 луѓе излегоа на протестот во Белград, пишуваат српските медиуми

Макфакс

15/03/2025

21:23

1.403

Големина на фонт

а а а

Студентски протест наречен „15 за 15“ беше организиран денеска во центарот на Белград. Масовноста на денешниот собир ќе се процени во наредните денови, но српските медиуми тврдат дека ова е еден од најголемите одржани досега во Србија.

Божо Прелевиќ, адвокат и поранешен министер за внатрешни работи на Република Србија, за порталот Нова.рс зборуваше за тоа колку луѓе присуствуваа на денешниот собир.

„Во моментов сум на протестот и можам да ви кажам дека Теразије, плоштадот Никола Пашиќ, улицата Крал Милан и плоштадот Славија се преполни… Како некој што учествуваше на 5-ти октомври, морам да кажам дека овде има повеќе луѓе и според мое верување, на протестот има повеќе од 500.000 луѓе. Не можам да проценам, затоа што е едноставно неразбирливо. Само што го поминав Зелени Венац, кој исто така е полн, а луѓето доаѓаат преку мостовите“, рече Прелевиќ.

Според проценките на српското МВР, во пикот на протестот имало 107 илјади луѓе.