[ВИДЕО] Брнабиќ: Екстремисти ги нападнаа и студентите во блокада и студентите во Пионерскиот парк

Макфакс

15/03/2025

20:50

1.845

Големина на фонт

а а а

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, вечерва изјави дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионерскиот парк и нагласи дека нема да се дозволи насилство.

„Лага е дека некој од Пионерскиот парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокадите и студентите во Пионерскиот парк! Нема да се дозволи насилство“, изјави Брнабиќ на мрежата Х по тепачката после протестот.

Студентите на ФДУ вечерва околу 19 часот и 20 минути соопштија дека протестот организиран денеска повеќе не е студентски протест.