По измената на повеќе од 16 закони со кои се цементита Северна во името на Република Македонија, власта на ДПМНЕ повторно протнува закон, овој пат за Фондот за здравствено осигурување, само за да го смени името на институцијата.
„Повторно имаме закон за домашна употреба, конкретно Законот за евиденции во областа на трудот, со кој Фондот за здравствено осигурување на Македонија го менува името во ФЗО на Северна Македонија.
Преспанскиот договор вели: ‘Mенувањето на документите и материјалите што се за домашна употреба ќе се менуваат при отворање на секое поглавје на релевантно поле во преговорите со ЕУ’. Ние преговори немаме почнато со ЕУ! – Не знам зошто менуваме документи и закони за внатрешна употреба?, истакна Сашко Јанчев на комисиската расправа во Законодавно-правната комисија за предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на трудот.
Јанчев исто така нагласи дека преспанскиот договор има многу правни основи за негова ништовност и наведе дека власта целосно го спроведува до таа мера што со закон се преземаат поголеми обврски од договорот.
Со ова ДПМНЕ уште еднаш потврди дека нема намера да работи во насока на ублажување на последиците од предавничкиот преспански договор, а уште помалку да се залага за негово укинување. Она што го почнаа СДС и ГРОМ сега го продолжува ДПМНЕ.