Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, утрово изјави дека Москва сама ќе одлучи за своите потези, без оглед на надворешниот притисок.
„Формирањето на ставот на Руската Федерација не се случува во странство поради некои договори или напори на некои страни“, рече Захарова, очигледно мислејќи на вчерашниот договор меѓу САД и Украина.
„Позицијата на Руската Федерација се формира во рамките на Руската Федерација“, рече таа.