„Вреди“: Сите патишта на ова раководство на ДУИ водат кон Груевски и Сашо Мијалков

Макфакс

11/03/2025

12:16

338

Големина на фонт

а а а

Сите патишта на ова раководство на ДУИ водат кон Груевски и Сашо Мијалков, велат од коалицијата „Вреди“.

Според нив, Ратко Капушевски, поранешниот кадар на Груевски за директор на СЦ Борис Трајковски, како играч на Самсоненко и Мијалков станува играч во бизнисот со нафта и се ортачува со синот на Исмаил Јахоски алијас Пуцко Петрол, човекот од највисока доверба на Али Ахмети.

„Со акција на МВР овој режимски картел неофицијално се сомничи за испумпување на 10 милијарди денари преку фиктивни договори чиј предмет е штетен за воздухот и отровен мазут.

Но ова не е само криминал. Ова е и лага. Наводната „деалбанизација“ со која измамнички манипулира ДУИ е само параван за нивниот страв од правосудна одговорност. Оваа партија нема веќе што да скрие од народот! Се покажаа голи пред Албанците и целосно го изгубија кредибилитетот. Нема веќе ткаенина која може да го покрие нивниот срам“.

Како што оценуваат во коалицијата, една од последните епизоди на очајниците се заканите за политичка криза и бојкот.

Според нив, станува целосно легитимно прашањето дали зад ова сценарио на ДУИ всушност се кријат Груевски и Мијалков.