[ВИДЕО] Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати: Бизнисмените Јахоски и Капушевски обезбедени од полицијата

A1ON.MK

10/03/2025

19:59

2.645

Големина на фонт

а а а

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

„Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето – информираа од Министерството за внатрешни работи.“


Засега нема информации ниту за тоа за какви дела е осомничен бизнисменот и поранешен политичар.

Полициски извори велат за „МКД.мк“ дека станува збор за разоткриена мрежа на увозници кои противзаконски испорачувале гориво со низок квалитет, кои се сериозен ризик за здравјето на граѓаните и една од главните причини за зголеменото аерозагадување.

🚔 Полициска акција за сомнителна набавка на мазут ⛽⚠️

🔗 Во полиција завршија Асмир Јаоски од Пуцко Петрол и Ратко Капушевски ⚖️


🎥 Во живо од терен: Јовица Пауноски 📡

Posted by TV21 на македонски on Monday 10 March 2025

Капушевски во 2014 година ја напушти државната служба и потоа работеше како проект- менаџер во канцеларијата на контроверзниот руски бизнисмен Сергеј Самсоненко во Скопје, пред да го започне својот енергетски бизнис. За името на Капушевски повеќепати беа врзувани контроверзни тендери за набавка на нафта и нафтени деривати за државни институции, а неговата компанија, РКМ, во последните години добиваше јавни набавки вредни стотици милиони евра.