Северна Кореја истрела балистички ракети додека Јужна Кореја и САД почнаа заеднички воени вежби.
Северна Кореја утринава истрела „неколку неидентификувани балистички ракети“, соопшти јужнокорејската војска, кога почнаа со заеднички вежби со САД.
„Нашата војска откри неколку неидентификувани балистички проектили околу 13:50 часот (по локално време)“, се вели во соопштението на војската во Сеул. Проектили од војници под команда на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун беа истрелани од провинцијата Хвангае кон Жолтото Море.
Јужна Кореја и САД денеска ја почнаа големата годишна заедничка воена вежба „штитот на слободата“.