[ФОТО/ВИДЕО] Погубен Бред Сигмон (67): Првпат по 15 години извршена смртна казна со стрелање – Објавени застрашувачките детали

Точка

08/03/2025

15:37

7.453

Големина на фонт

а а а

Маж од Јужна Каролина, кој со бејзбол палка ги убил родителите на својата поранешна девојка, вчера бил егзекутиран со стрелање.

Тој е првиот американски затвореник кој бил погубен на овој начин во последните 15 години, кој го сметал за подобар од електричната столица или смртоносната инјекција.


Тројца затворски службеници, доброволци, пукале со пушки кон Бред Сигмон (67), кој бил прогласен за мртов во 18:08 часот.

Сигмон ги убил Дејвид и Гледис Ларк во нивниот дом во округот Гринвил во 2001 година со намера да ја киднапира нивната ќерка. Тој и рекол на полицијата дека планирал да ја однесе на романтичен викенд, а потоа да ја убие и неа и себеси.


Адвокатите на Бред рекле дека тој го избрал стрелачкиот вод затоа што електричниот стол „жив ќе го сварил“, а од друга страна се плашел дека смртоносната инјекција на пентобарбитал во неговите вени ќе предизвика наплив на течност и крв во неговите бели дробови и ќе го задуши.

Деталите за егзекуциите со смртоносна инјекција во Јужна Каролина се чуваат во строга тајност, а поради тоа, Сигмон во четвртокот безуспешно побарал од државниот Врховен суд да ја паузира неговата егзекуција.

Тој се појави на местото на егзекуцијата во петокот облечен во црн комбинезон со качулка на главата и закачена бела мета со црвен круг на градите.

Вооружениот стрелачки вод стоел на 4,6 метри од местото каде што седел Сигмон, исто колку што е оддалечена кошаркарската табла од линијата за слободни фрлања на кошаркарскиот терен.

Во истата мала просторија можел да се забележи и електричен стол, а количката која се користи за изведување егзекуции со смртоносни инјекции била поместена на страна.

Сите доброволци пукале истовремено низ дупките на ѕидот.

Тие не биле видливи за десетина сведоци во просторија одвоена од комората со стакло отпорно на куршуми.

Истрелите биле испукани истовремено, силно одекнале, што предизвикало реакција кај сведоците.

Тој накратко ги стегнал тупаниците кога бил погоден, а поставената мета одлетала од неговите гради. Според тврдењата, Сигмон еднаш или двапати вдишал со црвена дамка од крв на градите.

Потоа дошол лекар и го прегледал Сигмон, а по 90 секунди го прогласил за мртов.

Меѓу сведоците имало и тројца членови на семејството Ларк. Присутни биле и адвокатот и духовниот советник на Сигмон, претставник од обвинителството, шерифски истражител и тројца претставници на медиумите.