Путин остро му се закани на Макрон: Немојте да завршите како него

Точка

06/03/2025

22:16

2.198

Големина на фонт

а а а

Во светот сè уште има оние кои посакуваат да се врати времето на Наполеоновите походи, но забораваат како тоа заврши, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Ни ден-денес некои не можат да се воздржат. Има луѓе кои сакаат да се врати времето на Наполеоновите походи, но забораваат како тоа заврши“, рече Путин и додаде дека непријателите на Русија отсекогаш правеле една иста грешка – го потценувале карактерот на рускиот човек.


Да потсетиме, францускиот претседател Емануел Макрон вчера ѝ се обрати на нацијата и изјави дека се зголемуваат заканите кон Европа и кон Франција, вклучително и наводно од Русија.

Со ова, Макрон ја оправда потребата за зголемување на одбранбениот буџет на Франција надвор од претходно одобрениот план.


Исто така, тој најави дека има намера да ја продолжи поддршката за Киев во конфликтот со Русија и вети дека ќе започне дискусија за проширување на француските нуклеарни одбранбени капацитети кон други европски земји, по повикот на кандидатот за германски канцелар, Фридрих Мерц.


По ова, лидерот на француската партија „Патриоти“, Флоријан Филипо, изјави дека агресивната реторика на Макрон за наводната руска закана кон Европа води кон понатамошна ескалација и покажува дека тој има намера да ја вовлече Франција во конфликт со Русија.