Британскиот премиер Кир Стармер им се обрати на работниците во фабрика за одбрана во Ливерпул.
„Безбедноста и одбраната на нашата земја, Европа и Украина се апсолутно најважни во овој момент“, рече тој.
На прашањето за воената поддршка за Украина, премиерот изјави дека она што е најважно е траен мир што ќе стави крај на војната и ќе гарантира дека Украина може да носи свои одлуки.
„Важно е сите да се фокусираат на тоа. Ако има договор, ќе го браниме договорот“, додаде.
Тој истакна дека владата мора да се фокусира на потенцијалните безбедносни гаранции и додаде дека „Обединетото Кралство ќе игра водечка улога“ во тоа.
„Ова мора да се направи во соработка со САД“, одлучен е Стармер.