Вознемирувачко видео! Возач на јавен превоз викал по дедо и мало дете, па физички ги нападнал: Од банална причина ги исфрлил од трамвајот – сцена од Прага го шокираше светот

Точка

04/03/2025

18:08

2.347

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео. На него може да се слушне жестока расправија меѓу возач на трамвај и 63-годишен постар човек, како и расплакано дете – потресено од ескалацијата на банална ситуација, која, според сите процени, можела да се реши многу помирно и похумано.

. Како што стои во описот на видеото од јавниот превоз, сè се одвивало во Прага, а причина за агресивниот испад на возачот било токму детето и една негова постапка.

„Надвор, немате право да бидете во оваа земја“, според пишувањето на извесен профил на социјалната мрежа Икс, возач на јавен превоз им викал на мало дете и на неговиот дедо, кои наводно дошле од Украина во Прага, а сето тоа затоа што момчето застанало на седиштето, погледнало низ прозорецот и наводно „го извалкало трамвајот“. Во еден момент може да се види како физички се обидува да се пресмета со него, додека постариот господин се обидувал да ја смири ситуацијата и да му докаже на возачот дека чевлите на неговиот внук се чисти.

Возачот се заканувал дека ќе повика полиција, а она што предизвикало особена горчина во светската јавност, која ја видела оваа вирална снимка, е отсуството на реакција на другите патници, кои само гледале и снимале, без да се приближат и да се обидат да ги смират конфликтните страни.

Епилогот на приказната е, за среќа, мирен и достоинствен. Дедото го напуштил превозот со внукот и една жена, а возачот излегол по нив. Дали разговорот продолжил надвор од возилото или секој тргнал по својот пат, останува непознато.

„Апсурдно, неприфатливо и недозволиво“

Реакциите на видеото од оваа непријатна глетка биле многубројни и бурни, а во коментарите се наведува дека возачот откако видеото од недоличното однесување станало вирално, добил отказ, а реагирала и полицијата која ја повела постапката.

„Апсурдно и апсолутно неприфатливо однесување“, „Тоа е дете, ова е неприфатливо, злобно и нехумано“, „Можно ли е никој од патниците да не реагирал? Не ми се верува во каков свет живееме“, „Како жител на Прага навистина се срамам. Се чувствувам лошо за однесувањето на возачот, но и на сите мои сограѓани кои ова го гледаа без емпатија“; „Светот целосно полуде“, биле само дел од коментарите на корисниците на социјалната мрежа, кои видно биле потресени од она што го виделе и слушнале.