Од полноќ нови цени на горивата

Макфакс

03/03/2025

15:06

622

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,10 % во однос на одлуката од 24.02.2025 година.

Од 4.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,952 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 44,952 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,069%, кај дизелот за 3,550%, кај екстра лесното масло е за 3,449% и кај мазутот намалувањето е за 3,527%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0892%.