Нејмар погоди од слободен удар, Сантос оствари значајна победа

Дерби

03/03/2025

10:29

279

Големина на фонт

а а а

Нејмар живее нов живот во родниот Бразил и од натпревар во натпревар ја крева формата и го предводи Сантос до значајни победи.

Рано утрово составот на Сантос го доби Брагантино со 2-0 во четвртфиналето на шампионатот Паулиста, триумф во кој Неј учестуваше со гол од слободен удар.

Се играше 9 минута кога офанзивецот со помош на еден гостински играч успеа да донесе водство и огромна радост за домашните навивачи. Жоао Шмидт во вториот дел реализираше уште еднаш и го потврди триумфот на фаворитот.Инаку Нејмар по кам-бекот на познатата средина има 3 гола и 3 асистенции на 7 натпревари.