Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос од неодамна пронајде нов ангажман и тоа во Мексико каде рано утрово го постигна својот прв гол во дресот на Монтереј.
Во вториот настап за мексиканскиот прволигаш искусниот дефанзивец се запиша во листата на стрелци и тоа погодувате со удар со глава по центаршутот на Каналес. Ова беше гол за 2-1 во 57 минута, гостите потоа изедначија, ама домаќините го имаа последниот збор и на крајот со 4-2 го завршија соочувањето со Сантош Лагуна.
Со вкупно 15 освоени бода Серхио и компанија се наоѓаат на 9. место на табелата.