Саша Поповиќ и Лепа Брена ја посетиле Баба Ванѓа: Му погодила сè, освен на колку години ќе почине

Точка

02/03/2025

00:15

8.396

Големина на фонт

а а а

Саша Поповиќ, основач на „Гранд продукција“ и шоумен, почина денеска на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти денеска Гранд продукција.

Иако под негата на врвни европски лекари и иако не се откажувал до крајот, болеста сепак го победи познатиот шоумен. 

Пред неколку години, Поповиќ се присети на средбата со Баба Ванѓа и на она што тогаш му го кажала таа.


Поповиќ тропнал на вратата на познатата пророчица заедно со Лепа Брена.

– Имавме турнеја во Бугарија, па ги замоливме луѓето од Министерството за култура кои ја организираа, да ја посетиме Баба Ванѓа. Вечерта пред да ја сретнеме кај мене и кај Брена, дојде една жена и ни донесе по две коцки шеќер. Таа рече да ги завиткаме во салфетка и да ги ставиме под перницата во текот на ноќта, а наутро да и ги дадеме на пророчицата. Тоа е она што го направивме. Ванѓа ги зеде двете коцки шеќер, молчеше една минута и потоа ми рече: Не се повторувам двапати, па слушај. Погоди дека имам 37 години, дека татко ми загинал во сообраќајна несреќа и дека мајка ми повеќе не пали свеќа за слава – вели Поповиќ и додава дека дури го „видела“ распадот на групата „Слатки грех“.


– Таа кажа работи за кои Брена и јас мислевме дека нема шанси да се случат, а тоа е дека „Слатки грех“ ќе се распадне! Таа ми рече дека во 1997 или 1998 година ќе станам одличен режисер и ќе ја имам целата естрада под моите нозе. Ме интересираше и колку ќе живеам. „Ќе умреш на 86 години, нема да те убијат, ниту ќе те повредат од какво било оружје. Ќе заспиеш и нема да се разбудиш“, јасно се сеќавам на нејзините зборови. После таа посета бев збунет, но сега гледам дека сè се случи како што рече таа. „Слатки грех“ се распадна во 1991 година поради војната, со Сузана почнав да излегувам во 1996 година, а се венчавме во 1998 година. После тоа го отворивме „Гранд“, јас станав режисер и сега ја чекам таа 86-та година – изјави тогаш Саша Поповиќ.