Шпанскиот амбасадор воодушевен од скромноста на премиерот: Мицкоски чекаше ред на аеродром како секој друг патник, пример за нормалност и едноставност

Нетпрес

28/02/2025

17:28

1.117

Големина на фонт

а а а

Сведошство на шпанскиот амбасадор од аеродром кој истакнува дека премиерот Христијан Мицкоски чекал ред како секој друг патник, пример за нормалност и едноставност.

„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот на Македонија Мицкоски Христијан кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво“, пишува амбасадорот Рафаел Соријано Ортиз.

Претходно, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски денеска отпатува во посета на Република Турција. Премиерот оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе беше потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија. Овој Совет се основа со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.