Оптичка илузија ги излуди луѓето: Која боја е лименката "Coca-Cola"?

Точка

25/02/2025

21:59

770

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружи вирална фотографија на лименка "Coca-Cola", која ги збуни и излуди луѓето. Повеќето се убедени дека гледаат црвена лименка, но тоа всушност не е вистина.

Погледнете ја фотографијата и одговорете – што гледате?

„Дали гледате црвена лименка "Coca-Cola"? Зумирајте ги црвените делови. Да, нема црвени пиксели. Го гледате тоа што очекувате да видите“, напиша корисник на "Twitter" покрај фотографијата што ги збуни многумина.

Коментарите не изостанаа:

„Ме болат очите од ова“, „Мене ми пука мозокот“, „Чудно“, „Ова е неверојатно“ – пишуваат корисниците.

Зошто гледаме црвена лименка?

Оваа оптичка илузија функционира поради начинот на кој мозокот ги обработува боите и контрастите. Решеткастиот ефект создава визуелна измама, додека мозокот користи претходно искуство и очекувања за да ја „исправи“ сликата.

Бидејќи знаеме дека лименката на "Coca-Cola" обично е црвена, мозокот автоматски ја надоместува бојата, иако вистинските тонови на сликата се сини и зелени.

Исто така, црвената и сината се комплементарни бои, па мозокот несвесно создава илузија на црвена боја таму каде што всушност ја нема.

Оваа комбинација на препознатлива форма, контраст и перцептивно приспособување предизвикува да гледаме класична црвена лименка, иако таа реално не постои.

Сличен феномен се случува и со познатата фотографија на јагоди, каде луѓето гледаат црвена боја иако таа не е присутна.