Детали за новата сообраќајна несреќа во Скопје: Удрил во семафор, прегазил пешак и со „Волво“ избегал од местото на несреќата

Точка

25/02/2025

11:19

2.020

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер околу 23:30 часот, на раскрсницата кај Веро Тафталиџе се случила сообраќајна несреќа во која е повреден пешак, а возачот избегал од местото на настанот.

– На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.


Полицијата започнала истрага и се обидува да го пронајде возачот кој го напуштил местото на несреќата.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од полицијата, а истрагата за околностите на сообраќајката е во тек.