Нова средба на руски и американски претставници утре во Ријад?

Макфакс

24/02/2025

18:57

254

Големина на фонт

а а а

Американските и руските претставници утре треба да одржат последователен состанок, една недела по средбата на шефовите на дипломатиите на двете земји, изјавил денеска дипломатски извор за „Франс прес“.

За време на состанокот на 18 февруари, министрите за надворешни работи на САД и Русија, Марко Рубио и Сергеј Лавров се согласија да воспостават „механизам за конзулати“ чија цел е да ги реши нивните спорови и да назначи преговарачи за војната во Украина.

Според дипломатски извор во вторник во Ријад ќе се одржи „пропратен состанок“ меѓу претставниците на САД и Русија.

Нивото на претставници ќе биде пониско отколку на состанокот на 18 февруари, но тоа сепак е „знак за напредок“, додал изворот, според медиумот.