Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција ги коментираше можните временски рамки за пристапување на Украина во Европската унија.
Таа изјави дека целиот процес на проширување е „заснован на заслуги“ и оти пристапувањето мора да биде од корист и за земјата кандидат и за Унијата.
Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ не сака да даде точен датум кога Украина би можела да се приклучи, бидејќи другите земји-кандидатки би можеле да постават слични очекувања.
Сепак, таа оптимистички додаде дека Украина прави добар напредок и дека „тоа би можело да биде прифатено пред 2030 година“ ако продолжи со реформите со таа брзина и со тој квалитет.