Путин телефонски го информирал кинескиот претседател за преговорите со САД

Макфакс

24/02/2025

12:26

284

Големина на фонт

а а а

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Како што се наведува, разговорот бил воден на иницијатива на руската страна.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно најави дека рускиот претседател денеска ќе оствари меѓународен телефонски разговор во контекст на информирање на руските партнери за преговорите со САД во Ријад.

„Минатата недела претседателот зборуваше за неговата намера да информира голем број земји-партнери за контактите со Американците. Според тоа, овој процес започна денеска“, изјави Песков за новинарите.