[ФОТО] По трет пат се одржа меморијалниот турнир „Маја Лазарова Тодорова“ во чест на прерано починатите колеги припадници на ОЗОЛО

Денар

24/02/2025

11:29

827

Големина на фонт

а а а

Вчера во СЦ „Јане Сандански” по трет пат се одржа Меморијалниот одбојкарски турнир „Маја Лазарова Тодорова“ во чест и сеќавање на прерано починатите колеги припадници на Одделот за заштита на определени личности и објекти(ОЗОЛО).

Одделот за заштита на определени личности и објекти, секогаш обединето како големо семејство, низ своето постоење бил позади секој свој припадник. За жал, некои од нив прерано починаа и повеќе не се меѓу нас. Поради тоа, целта на меморијалниот турнир е да се оддаде огромна почит на сите нив. Тука припаѓаат искусни полициски службеници, кои се истакнале во своето работење и оставиле професионална трага позади себе од која ние и денес учиме, ја почитуваме и спроведуваме.


“Во оваа прилика ќе ги споменеме Маја Лазарова Тодорова – која е најмладиот полициски службеник кој прерано не напушти, Зоран Милошески, Борис Велинов, Аце Божиновски, Сашо Арсов-Каси, Цветан Атанасовски, Кристина Анѓелеска, Слаѓан Тасевски, Властимир Божиновск”, истакнаа од ОЗОЛО.


Одаваме почит и кон нивните семејства и упатуваме гласна порака дека сеќавањето на нив, не само што ќе остане во колективната меморија на нашиот Оддел, туку е и ќе биде пример којшто како завет останува во професоналното делување на секој припадник на Одделот.

Турнирот, трета година по ред го организира сопругот на починатата Маја Лазарова-Тодорова, Виктор Тодоров заедно со поддршка од Одделот за заштита на определени личности и објекти(ОЗОЛО).