Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, ги нарече апсурдни последните коментари на Доналд Трамп дека Володимир Зеленски е диктатор.
„Ако погледнете во реалниот свет наместо само да твитате, тогаш знаете кој во Европа мора да живее во услови на диктатура: луѓето во Русија, луѓето во Белорусија“, рече Баербок.
Германската министерка претходно изјави дека никој освен Путин не ја започнал ниту сакал оваа војна во срцето на Европа.
„Се наоѓаме на егзистенцијална точка за безбедноста и мирот во Европа“, рече Баербок, додавајќи дека целта е да се постигне траен мир за Украина – безбеден и заштитен од идна руска агресија.