„Бевме сродни души“ – Почина најдобрата пријателка на Ана Франк

Точка

19/02/2025

19:34

975

Големина на фонт

а а а

Жаклин Сандерс ван Марсен, најдобрата пријателка на Ана Франк, една од најпознатите еврејски жртви на Холокаустот која го напишала својот познат дневник додека се криела од нацистите, почина на 96-годишна возраст.

Жаклин ја запознала Ана Франк на училиште во Амстердам во 1941 година, по нацистичката инвазија на Холандија.


Нивното пријателство траело една цела учебна година пред Ана да биде принудена да се скрие со своето семејство во јули 1942 година.


Тие секогаш си ветувале една на друга дека ќе напишат проштално писмо доколку повеќе не бидат во можност да се гледаат, пренесе Дејли Мејл.

На 25 септември 1942 година, Ана го напишала ветеното писмо во својот дневник.

„Се надевам дека, додека повторно не се сретнеме, секогаш ќе останеме најдобри пријателки“, напишала таа.

„Таа споделуваше спомени од нивното пријателство во текот на целиот нејзин живот“

По смртта на Жаклин, се огласи Музејот на Ана Франк.


„Со голема тага објавуваме дека Жаклин Сандерс-ван Марсен почина на 13-ти февруари на 96-годишна возраст. Жаклин беше школска пријателка на Ана во Еврејскиот Лицеум и споделуваше спомени од нивното пријателство во текот на целиот нејзин живот“, соопшти музејот.


Таткото го објави дневникот на Ана

Ана живеела во тајност со нејзините родители Ото и Едит, нејзината сестра Маргот, како и семејството Ван Пелс и стоматологот Фриц Фефер до август 1944 година, кога Гестапо ги открил и уапсил. Ана починала пред нејзината сестра во концентрациониот логор Берген-Белсен во февруари или март 1945 година.


Ото, единствениот преживеан член на семејството Франк, го објавил дневникот на Ана во 1947 година, по што книгата станала позната ширум свет.

Инаку дневникот го пронашле помошничките Мип Гис и Беп Воскудџл веднаш по апсењето на семејството Франк. Мип ги чувала записите на Ана сè додека не му ги предала на нејзиниот татко.

Жаклин долго време молчела за пријателството со Ана

Жаклин по војната работела како книговезец и се омажила за Руди Сандерс во 1954 година, а парот добил три деца.


Инаку Жаклин одржувала контакт со таткото на Ана до неговата смрт во 1980 година. Меѓутоа таа долги години молчела за нејзиното пријателство со Ана, но сепак одлучила да ги објави своите мемоари во 2007 година.

„Бевме сродни души“ рече таа за Ана.