[ВИДЕО] Вучиќ на тренинг во парк со Вучевиќ и Мали: „Решиле да нè бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат“

Макфакс

18/02/2025

22:09

2.966

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео каде тренира во паркот заедно со премиерот Милош Вучевиќ и министерот за финансии Синиша Мали.

„Милош Вучевиќ, Синиша Мали и јас дојдовме да тренираме. Пропаднавме целосно, освен Синиша. Овде во паркот, милина една, се правиме дека не ни е ладно и се правиме дека работиме некој сериозен тренинг.


Ми требаа пет минути да сфатам како функционира ова, сè ме боли. Нешто како веслање, не можам да одам до крај. Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат. Па, сега можам да кажам дека работевме и сме подготвени за пливање и веслање. Во веслањето е спасот, нема предавање. Па, сега да јадеме плескавица. Доста е“, рече Вучиќ.