Кина предлага четири точки за мирoт во Украина

Макфакс

18/02/2025

22:07

1.199

Големина на фонт

а а а

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји претходно денеска изјави дека Пекинг ги поддржува сите напори што водат до мировни преговори во Украина.

Ванг се обрати пред Советот за безбедност на ОН откако руските и американските претставници се сретнаа во Саудиска Арабија и се согласија да продолжат со напорите за ставање крај на војната во Украина.

„Пекинг ќе продолжи да ги застапува четирите точки наведени од кинескиот претседател Шји Џјинпинг за тоа што треба да се направи“, рече Ванг.


Според кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, тие четири точки се: воздржување од барање себични придобивки, да не се додава масло на огнот, создавање услови за воспоставување мир и намалување на негативното влијание врз светската економија, истовремено воздржувајќи се од поткопување на стабилноста на глобалните индустриски и снабдувачки синџири.