[ВИДЕО] Нова серија на Нетфликс – Снимена според вистинска приказна: Веќе собра милиони прегледи

Точка

18/02/2025

17:23

1.966

Големина на фонт

а а а

Серијата на Нетфликс „Prison Cell 211“ веќе ги освои гледачите ширум светот, собирајќи импресивни 5,3 милиони прегледи во првите десет дена по објавувањето. Првата сезона пристигна на платформата на 5-ти февруари и оттогаш не ја напушти листата на најгледани серии.

Во моментов се наоѓа на третото место на глобалната листа на серии кои не се на англиски јазик, а го зазема првото место во 13 различни земји.

Серијата од шест епизоди го следи адвокатот за човекови права кој, откако ќе избие бунт во затворот, мора да се маскира во затвореник за да ги преживее опасностите и насилството во рамки на затворските ѕидини.

„Prison Cell 211“ е заснована на вистинска приказна од мексиканскиот град Сиудад Хуарез, кога на 31 декември 2022 година, избувнал бунт во државниот затвор. Вооружени напаѓачи, осомничени дека се членови на наркокартел, упаднале во затворот и предизвикале хаос. Во таа прилика биле убиени десет чувари и четворица затвореници, додека 24 затвореници избегале, извести Би-би-си.



Главните улоги во серијата ги толкуваат: Диего Калва Хернандез, Ное Хернандез, Херардо Тарацена, Карен Сандовал и Ана Софија Гатица.


Гледачите се воодушевени. „Неверојатна серија“, „Одлична“, „Задолжително погледнете ја, подоцна ќе ми се заблагодарите“, „Само што завршив со гледањето. Толку е напната! Не можев, а да не се запрашам што би направил во таа ситуација“, се дел од коментарите. Исто така многумина веќе со нетрпение ја очекуваат најавата за втора сезона.