По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции: „Не е лошо, не е лошо“

Макфакс

18/02/2025

14:14

4.879

Големина на фонт

а а а

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија завршиле и биле успешни.

Јуриј Ушаков рече дека двете страни разговарале за условите за средба меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе руската новинска агенција ТАСС.Средбата меѓу Путин и Трамп најверојатно нема да се одржи следната недела, рече Ушаков.

„Не е лошо, не е лошо… тешко е да се каже дали ние (Русија и САД) се зближивме, но разговаравме за тоа… Тоа беше многу сериозна дискусија за сите прашања што сакавме да ги допреме… Се согласивме да ги земеме предвид взаемните интереси и да развиеме билатерални односи, бидејќи и Москва и Вашингтон се заинтересирани за тоа“, додаде во изјава за руската државна телевизија.


Тој рече и дека се договориле специјален тим од преговарачи да воспостави контакт во догледно време.

Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции, за руската државна телевизија изјави:

„Почна многу позитивен, конструктивен дијалог. За разлика од администрацијата на Бајден, која никогаш не се обиде да ја слушне руската позиција, ова беше многу јасен обид да се започне дијалог, да се разбере руската позиција и да се разговара за работи за кои се согласуваме“, рече тој.