Натпреварот меѓу Барселона и Рајо Валјекано предизвика многу реакции во јавноста поради недосудениот пенал за гостите и поништениот гол поради офсајд, но мора да се нагласи дека во второто полувреме не беше досудена најстрога казна и за домашниот тим по еден директен удар кој го доби Дани Олмо.
Шпанскиот репрезентативец одново му стои на располага на Ханси Флик откако ја реши последната повреда со листот, а како играч кој внесува огромна свежина во офанзивен поглед, вчера посебно го привлече вниманието со еден потег.
Олмо испорача еден извонреден рулет во стилот на легендарниот Денис Бергкамп, па дефинитивно вистинска штета е што оваа акција заврши без гол.
Дани успеа да се ослободи од чуварот со елегантното движење и потоа доби удар во нога од голманот на Рајо Валјекано, но судијата не виде доволно елементи за најстрога казна.
Во продолжение од акцијата, Балде не искористи добра шанса за 2:0, па така како клучен момент се покажа голот од пенал на Левандовски кој беше постигнат уште во првиот дел.
La première touche de balle du match de Dani Olmo mdrrrr c’est tellement le football ce mec pic.twitter.com/a6vLVoJyhm
— 𝗙𝗖𝗕 (@BarcaFRNews) February 17, 2025