[ФОТО] Балкански гламур и убавина во Берлин: Милена Радуловиќ рамо до рамо со светските ѕвезди на црвениот тепих на Берлинале – блеска во креација на српска дизајнерка

Точка

17/02/2025

21:48

7.551

Големина на фонт

а а а

Српската актерка Милена Радуловиќ се појави на црвениот тепих на 75. издание на Берлинскиот филмски фестивал, носејќи елегантна креација од српската дизајнерка Марија Тарлаќ.

Иако годинава нема свое филмско остварување на фестивалот, таа беше специјална гостинка на модниот бренд „Армани“, чиј заштитен лик е во Србија.


Радуловиќ, која глуми на четири јазици – српски, англиски, руски и шпански, наскоро ќе ја гледаме во главната улога во српско-шпанската серија „Белег“ („Cicatriz“).

Во разговор за  српски „Курир“, таа откри дека е задоволна од насоката во која ѝ се движи кариерата.



„Се чувствувам добро во својата кожа. Остварив една од моите најголеми желби – да добијам значајна улога и да влезам на шпанскиот пазар. Се трудам самата да ги остварам своите соништа“, изјави таа.


Радуловиќ неодамна го прослави 30-тиот роденден, а приватно е во врска со музичарот Огњен Јанковиќ.