[ВИДЕО] Симпатичниот претставник на Естонија на овогодишниот Евросонг веќе привлече внимание: Дали песната „Espresso Macchiato“ ќе стане хит?

Точка

17/02/2025

16:56

2.076

Големина на фонт

а а а

Томи Кеш ќе ја претставува Естонија со песната „Espresso Macchiato“ на 69-тиот избор за песна на Евровизија кој ќе се одржи во Базел. Меѓутоа овој сингл веќе го привлече вниманието на многу слушатели.

„Животот може да ти даде лимони кога танцуваш со демони. Без стрес, без стрес, нема потреба да бидете депресивни. Љубов моја, љубов, еспресо макијато, макијато, макијато“, се дел од стиховите.

Инаку, неговиот сценски настап не можеше да помине без шолја кафе, а тој изведе и интересна танцова точка. На сакото имаше залепено парче хартија на кое пишуваше: „Ја сакам Евровизија“.

Судејќи според коментарите, песната е пол погодок. Некои слушатели коментираа дека Кеш е „наследникот“ на Јост Клајн, кој минатата година ги освои срцата на публиката со песната „Europapa“.

„Ова е брилијантно“, „Песната е толку лоша што всушност е одлична“, „Се гледа дека се потрудил околу кореографијата“, „12 поени“, се дел од коментарите на Јутјуб.