[ВИДЕО] Најпопуларниот тиктокер кој секогаш молчи во видеата, снимен додека зборува: Снимката стана хит

Точка

17/02/2025

15:39

3.056

Големина на фонт

а а а

Каби Лејм е еден од најпопуларните тиктокери, кој има повеќе од 162 милиони следбеници, а неговите снимки на кои тој постојано молчи собраа дури 2,5 милијарди лајкови.

Тиктокерот познат по тоа што никогаш не зборува во своите видеа ги изненади обожавателите кога се појави во нов клип во кој конечно прозборе.


Италијанско-сенегалскиот инфлуенсер ја изгради кариерата врз едноставност – снимајќи реакции на различни „life hack“ видеа, прикажувајќи полесни решенија без изговорен збор.

Се појави снимка на која се слуша како тој зборува

Во снимката која ја сподели „Sports Centre“ на платформата Х, Каби учествуваше на Ол-стар кошаркарскиот натпревар на славните и накратко ги мотивираше своите соиграчи со зборовите: „Да победиме момци“ (Let’s win guys). Оваа кратка изјава ги шокираше неговите обожаватели, а многумина коментираа дека првпат го слушаат неговиот глас.

„Прв пат го слушнав да каже нешто“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Дали е тоа навистина гласот на Каби?

Зошто Каби Лејм молчи на снимките?

Инаку, ова не е прв пат Каби да биде снимен како зборува. Во интервју за Хуго Бос во 2023 година, обожавателите можеа да го слушнат како зборува, а во една прилика тој одговори на прашањето зошто секогаш молчи на своите снимки. Лејм за Си-ен-ен објасни дека тоа бил добро обмислен потег со цел да биде разбирлив за глобалната публика.


„Сакав да внесам едноставност во видеата. Најдобриот начин да допрам до што повеќе луѓе е да не зборувам“, рече Лејм, кој се прослави откако ја загуби работата во фабрика поради Ковид-19 пандемијата, а сега, благодарение на виралните видеа заработува милиони.